X
 23.12.2021 Економија

ДЗС: Просечната нето-плата за октомври изнесува 29.145 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2021 година, изнесува 29.145 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен за истиот месец изнесува 43.557 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, изнесува 104.5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: други услужни дејности (11,7%), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (10,1%) и информации и комуникации (10,1%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,5%), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (2,1%) и други услужни дејности (2,0%).

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, изнесува 104.6.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: други услужни дејности (11,9%), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (10,4%) и информации и комуникации (10,3%).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,4%), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (2,2%) и други услужни дејности (2,1%).
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија