X
 01.07.2017 Економија

Образованието е клуч за економскиот успех во Финска

Министерката за транспорт и комуникации на Финска Ен Бернер, ја посети Нигерија за да биде дел од 16 состанок на Нордичките и Африканските министерства на тема „Осигурување на одржлив развој преку трговија и инвестиција: Африканско-нордиски договор“.


„Образованието е важен фактор кој придонесува за економски развој. Во Финска веруваме дека клучот за економски успех,  обезбедувањето на квалитетно образование за сите“, истакна Бернер. Таа исто така, ја потенцира и важноста на поттикнувањето на бизниси предводени од жени, конкуренцијата и искористувањето на потенцијалот.

Бернер ја опишува Африка како континент со различни природни ресурси и огромен пазар. Пет нордиски земји неодамна започнале иницијатива наречена „Нордиските решенија за глобалните предизвици“. Фокусот ќе биде насочен кон развојот без јаглероден диоксид, одржливи градови, како и родова еднаквост.

Според амбасадорот на Финска во Нигерија, ќе има повеќе релации помеѓу двете земји во блиска иднина со цел споделување искуства и меѓусебна трговија.

Образовниот систем во Финска се состои од 6 години основно образование, па потоа 3 години во средно училиште. Не се плаќат школарина и на учениците секогаш им се обезбедени оброци. Исто така, постои и програма за згрижување на деца од предучилишна возраст.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија