X
 21.09.2022 Економија

Просечната нето-плата е речиси 32.000 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2022 година изнесува 31.812 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен за истиот месец изнесува 47.590 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,8 %), стручни, научни и технички дејности (17,5 %) и уметност, забава и рекреација (16,3 %). Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4,3%), рударство и вадење на камен (3,9%) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,9%) - стои во соопштението.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија