Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2023 година, изнесува 36.134 денари, додека просечната бруто-плата за истиот месец е 54.177 денари, соопшти Државниот завод за статистика.
Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2023 година, во однос на април 2022 година, изнесува 114.6.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (28,1%), административни и помошни услужни дејности (21,7%) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,8%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (14,7%), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (13,2%) и административни и помошни услужни дејности (12,5%).