Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот „молнупиравир“, единствен лек против ковид-19. Лекот „молнупиравир“ е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти што се позитивни на ковид-19. Тој се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50%.
Воедно, се укажува дека лекот и вакцината против ковид-19 не може да се споредуваат. Вакцините против коронавирусот спречуваат тешка форма на болеста, компликации при хоспитализација или смртен исход. Коронавирусот брзо мутира и најголема ефикасност даваат вакцините, а целта е постигнување колективен имунитет за да се заштитиме од новите соеви на SarsCoV2.
Министерството информира дека е во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и за кратко време ќе почнат преговорите за негова набавка.