X
 23.07.2016 Здравје

Лекот за астма е во гените

Научниците открија генетска промена која може да заштити од оваа состојба. Истражувачите открија ген кој има важна улога во предизвикување на воспаление на дишните патишта кои го предизвикуваат нападот.


Генот прави ензим кој обично се прицврстува на мускулите на дишните патишта и помага во регенерирање на оштетените делови. Но ензимот може да се тргне и да почне да патува наоколу низ белите дробови и да предизвикува непотребно производство на нови мускули и капилари. Научниците сметале дека тоа е алерген - како поленот, што предизвикува воспаление и напад на астма.

Сега научниците веруваат дека треба комбинација од тргнат ген и алерген за да предизвикаат напад. Тимот од Саутемптон веќе има идентифицирано молекули кои можат да ги исклучат овие два гена и ензимите. Тие планираат да тестираат нови лекови на глувци и имаат договори со фармацевтски компании да го стават лекот на пазарот.

Лекот би се земал дневно како пилула, вдишан или инјектиран месечно за да се заштити од случување на напад.

Експериментите покажале дека воспаленијата се намалите за 50% кои го имале извадено АДАМ33 генот. Ако се блокира овој ген да се активира, астмата би била спречена.

Ова истражување ќе не доближи повеќе до запирање на астматични напади и наоѓање на лек за 1 од 11 луѓе. Секој ден три луѓе умираат од напади од астма. Истражувањата како ова се чекор до правиот пат на кој сепак му се потребни инвестирања.


Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје