Главниот град на Австрија ја освои титулата европска престолнина на демократијата за 2024/2025 година во конкуренција со уште седум града.
Жирито, составено од експерти и граѓани, беше импресионирано од плановите на градот за заштита на климата.
Жирито од речиси 4.000 граѓани од 47 земји на Советот на Европа (и Косово) ја донесе конечната одлука во корист на Виена преку онлајн гласање. Со цел да се обезбедат фер избори, австриските граѓани не можеа да гласаат за Виена.
Виена победи од вкупно седум града, од кои четири - Братислава, Лајпциг, Гдањск и Измир, претставуваа многу силна конкуренција, но на крајот напорите на австриската престолнина за заштита на климата беа во нејзина полза.
- Ова е прекрасно признание за Виена. Горд сум што успеавме да го убедиме жирито на европските граѓани со нашите идеи како понатаму да ја развиваме демократијата. Во текот на следните две години Виена ќе користи иновативни проекти за да покаже како социјалната кохезија може дополнително да се зајакне преку учество на граѓаните - посочува градоначалникот на Виена, Мајкл Лудвиг.
Познати меѓународни експерти, уметници и претставници на економијата и граѓанското општество ја анализираа и оценуваа решителноста на кандидатите, како и креативноста и иновативноста на нивните демократски проекти.
Целта на градот е да прикаже низа иновативни решенија во текот на годината преку кои луѓето директно ќе можат да учествуваат во обликувањето на сопствената средина и живот.
Австриската престолнина веќе има неколку такви проекти. Таков е на пример, „Милион за деца и млади“, во кој децата и младите можат да одлучат за целта на милион евра и да предлагаат важни промени и настани во градот, или „Виенскиот климатски тим“, каде што жителите на градот можат да учествуваат во проекти кои го подобруваат животот во градот, од поднесување идеи до нивна реализација.
Целта на Виена е да стане најдемократски град во светот.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik