X
 21.10.2023 Живот

Интересна мапа открива различни бонтон-правила во светот

Колку и да истражувате пред патување, неизбежно е во некоја земја да доживеете културен шок. Затоа, добро е да бидете подготвени за различни ситуации и да бидете свесни за сите бонтон-правила што важат во местото кое го посетувате.

Иако доброто однесување се смета за универзално, веб-страницата „Ремитли“ состави карта на бонтон во светот - ќе бидете изненадени што сѐ може да биде непристојно и неучтиво на друго место.

1

Еден од најфасцинантните аспекти на нивните наоди е контрастот меѓу сите земји. На пример, во Канада е во ред да доцниш, додека во Австрија точноста се смета за знак на почит. Иако бакшишот е вообичаен во САД, не е во Словенија. Во Норвешка никогаш не треба да ги користите рацете за да јадете, но не барајте нож и виљушка кога јадете тако во Мексико. Тоа секогаш се јаде со раце.

azija

Всушност, многу од овие меѓународни правила за бонтон се однесуваат на храната. Во Египет и Португалија никогаш не треба да барате сол кога вечерате. Во Сиера Леоне секогаш треба да оставите мала количина на храна кога јадете. Ја сакате храната? Подригнувањето е општествено прифатливо во Исланд и Сенегал како начин на изразување на љубовта кон храната, додека во Јапонија подригнувањето е начин да кажете благодарам за оброкот.

evropa

Кога станува збор за земјите од Балканот, во нашата земја бонтон е да не се оставаат два прозорци отворени во собата, бидејќи се верува дека провевот ќе предизвика болест. Во Србија треба да оставите полна чаша за да имате богатство и просперитет во домот. Во Босна и Херцеговина важи истото правило како во Македонија, а во Хрватска никогаш не се дели сметката кога вечерате во ресторан. Во Албанија им се дава бакшиш на докторите во знак на благодарност за нивната услуга, а во Бугарија не се даваат жолти цвеќиња како подарок.

2

Мапата нуди брз поглед на светските обичаи и како тие се претвораат во секојдневни рутини.

juzna

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Remitly
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот