X
 26.08.2016 Образование

Чудни правила и прописи во јапонските училишта

Стереотипно, Јапонија навистина го сака чувството на општествен конформизам и удобноста на нивните непроменливи правила.

Социјализацијата на децата во Јапонија во чесни и ненаметливи граѓани започнува уште на рана возраст и е охрабрено од самиот образовен систем во земјата. Правилата за облекување и однесување во училницата се неопходни кај секоја нација, меѓутоа обидите на институциите да ги контролираат своите ученици се екстремни во Јапонија.

Секако, тука се јавуваат и правила и прописи кои ги збунуваат дури и луѓето кои пораснале во рамките на јапонскиот систем. Едно онлајн истражување покажува дека 12.5% од испитаниците одговориле позитивно на прашањето: „Дали вашето училиште има некои чудни и бизарни правила?“. Можеби ова не изгледа голема бројка, но кога ќе навлезете во деталите за овие неконвенционални насоки, резултатите кои ќе ги добиете уште повеќе изненадуваат. Ова се некои од најчудните правила и прописи од некои јапонски училишта.

Чудните и збунувачки барања започнуваат уште во градинка и во основно училиште.

- Децата во градинка треба да бидат боси.

- На училиште учениците мораат да пристигнат облечени во училишната униформа, а потоа да ја облечат униформата за физичко образование. Учениците мораат да носат шлем кога возат велосипед, меѓутоа не смеат да возат велосипед на улица, само во паркот.

Во средно училиште правилата повеќе се насочуваат кон тоа како учениците треба да изгледаат.

- Учениците мораат да носат чорапи.

- Џемперите не смеат да се носат кога учениците одат и се враќаат од училиште бидејќи на учениците им даваат „невешт“ изглед. Тие мораат да носат јакна над блузата или џемперот.

- Само учениците во трета година можат да носат училишни чанти.

- Должината на кркмите кај девојките не смее да биде подолу од веѓите.

- Косата на момчето треба да биде доволно кратка и да не го допира неговиот врат.

- Не смее да има љубовни врски меѓу учениците.

- Учењето може да се одвива во било кој дел од денот. Доколку учениците го прашаат наставникот дали може да учат за друг предмет, тогаш тој/таа ќе им дозволи.

- Учениците не смеат да носат повеќе од една белегзија за среќа.

- Косата на момчето мора да биде скратена до неговите уши. Косата не смее да содржи слоеви. Не е дозволена никаква фризура ниту препарати за коса како што е лак или восок.

- Чевлите не смеат да имаат дрвен ѓон.

Девојките во никој случај не смеат да ставаат шминка и да ги кубат веѓите бидејќи нивниот фокус треба единствено да биде на учењето. Ако косата на девојката е подолга од должината на рамената, тогаш девојката мора да ја носи фатена. Забрането е носење на додатоци и накит.

Сите ученици мораат да стават нов пар на чевли или влечки во училиштето, а секој ден или околу пладне или на крајот од денот, учениците мораат да го исчистат училиштето наместо служителите.

Сепак, мора да се земе во предвид дека секоја култура е различна и поддржува различни групи на вредности. Она што ние го исмејуваме и за нас се чини нелогично, за Јапонија претставуваат вредности кои ја обликуваат како држава каква што ја знаеме денес.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование