Ново видео од Европската вселенска агенција го прикажува огромното пространство на долините на Марс и кањонот Валес Маринерис. Особено е неверојатен погледот на пределот наречен Ноќен лавиринт, кој е со големина на Италија и се протега на речиси 1.000 километри низ кањонот.
Некои од долините на кањонот се широки повеќе од 45 километри и длабоки повеќе од 5 километри. За споредба, Големиот Кањон во САД е широк 45 километри и не е подлабок од 2 километри. Научниците веруваат дека овие долини и кањони се формирани пред милиони години поради вулкански ерупции кои предизвикале пукнатини на површината на планетата.
Како што посочува Европската вселенска агенција, 3Д-пејзажот на површината на Црвената Планета е создаден со помош на детални слики снимени од орбитерот „Марс експрес“, а се комбинирани со постојни топографски податоци собрани низ годините.
Извор:
Novosti
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)