Шпанија е земја во која е нелегално да се вози автомобил облечен во јакна.
Значи, ако возите со зимска јакна и капут, може да добиете казна и до 200 евра. Идејата за ова правило е дека зимската јакна ве ограничува при возење, односно ви го ограничува движењето зад воланот, но постои уште еден сериозен проблем.
Тестирањата на германскиот автомобилски клуб АДАЦ покажале дека може да имате и друг проблем со зимската јакна. Имено, ќе оневозможи правилно затегнување на ременот, може да се лизне преку стомакот и да ви ги повреди цревата, црниот дроб или слезината.
Поради полнежот на зимските јакни, останува простор помеѓу појасот и телото, па ременот длабоко го сече стомакот во моменти на сообраќајна несреќа. Ова може да предизвика сериозни повреди на меките ткива, како што се цревата, црниот дроб или слезината, па дури и да доведе до внатрешно крвавење.
Поради ова, стресот на внатрешните органи е многу поголем отколку ако појасот е поблиску до телото. Затоа се препорачува пред да влезете во автомобилот, да ја соблечете јакната или може да ја облечете откако ќе го ставите појасот.
И децата треба да се врзат на овој начин или, уште подобро, без дебела јакна.
Извор:
n1info.rs
Фото: Freepik