Постои нешто магично во зборовите на големите луѓе кои биле таму и го направиле тоа.
Фото: Ганди/Wikipedia
„Живејте како да ќе умрете утре. Учете како да ќе живеете засекогаш“ - Ганди
Не постои ништо подобро од живеењето во моментот. Но, исто толку важно е да го изградите вашето знаење делче по делче.
„Не чекајте да нападнете додека железото е жешко - вжештете го со вашиот напад“ - Вилијам Батлер Јејтс
Нема да научите чекајќи работите да ви паднат „во скут“. Морате сами да го добиете.
„Учењето не е спорт за гледачите“ - Д.Блочер
Никој не усовршил нешто гледајќи телевизија. Ако сакате да бидете добри во нештото, мора да бидете дел од играта.
„Поумно е да откриете отколку да претпоставувате“ - Марк Твејн
Немојте да претпоставувате ништо. Дали „дихидроген моноксид“ ви звучи опасно? Всушност, ова е уште еден термин за вода.
„Образованието е она што преживува кога она што сте го учеле сте го заборавиле“ - Б.Ф. Скинер
Нема да се сеќавате на секој факт што сте го учеле. Но, вие го учите нештото за да се сеќавате на приказната која ви кажува.
„Мислам, значи постојам“ - Рене Декарт
Способноста на вашиот мозок да се сети на минатото и да ја замисли иднината е она што ве одделува од другите животни и другите луѓе. Не постои друго суштество во светот со истите мисли и мемории како вашите.
„Искуството е најбруталниот наставник. Но учите, Боже колку учите!“ - Ц.С.Луис
Понекогаш работите одат наопаку пред да одат во правилна насока. Но, искуството е тоа што ве учи и учите од грешките.
„Учи од вчера, живеј за денес, надевај се за утре“ - Алберт Ајнштајн
Никогаш не е доцна да го промените животот. Секогаш надевајте се дека утрешниот ден ќе биде подобар, од ваз зависи дали тоа ќе биде така.
„Целта на учењето е растење, а нашиот ум, за разлика од нашето тело, може да продолжи да расте додека живееме“ - Мортимер Адлер
Колку повеќе се изнесувате себеси, колку повеќе излегувате од вашата удобна зона и ги проширувате хоризонтите, толку посилен е вашиот ум.
„Најдобар начин за предвидување на иднината е вие да ја создадете“ - Абрахам Линколн
Преземете контрола врз вашиот живот, не дозволувајте другите да ве контролираат.
„Патувањето е наградата“ - кинеска поговорка
Често, животот не е пристигнување до одредена дестинација, туку она што го учите додека патувате до таа дестинација.
„Што и да можете да направите или што и да сонувате дека можете да направите, започнете го. Храброста има генијалност, моќ и магија во себе. Започнете сега“ - Гете
Како деца, често пати ни кажуваат дека работите се „невозможни“. Вистината е, ако можеме да го сонуваме, тогаш веројатно е можно. Размислувајте големо и правете големи работи.
„Дури и ако сте на правилната петка, може да ве прегазат само ако седите таму“ - Вил Роџерс
Буквално нема да стигнете никаде во животот ако стоите. Дури и ако не сте сигурни, одењето некаде е подобро од никаде. Ако е погрешно, тогаш барем ќе имате уште една
насока за која ќе знаете дека не треба да ја користите.
„Бидете студенти онолку долго колку што имате што да научите, а тоа значи целиот ваш живот“ - Хенри Л.Доерти
Никогаш не престанувајте да учите. Светот е фасцинантно место, со безброј можности преку кои можете да учите.