На интернет се појавија неверојатни фотографии од суперкрвавата Месечина, од многу места низ светот.
Месечината е „крвава“ поради темноцрвената боја со која сјае кога ќе се најде во сенка на Земјата. Зборот „супер“ се користи за означување на „супермесечина“. Овој поим всушност не е астрономски, туку астролошки и се однесува на положбата на Месечината во перигеум. Тогаш Месечината е 14 отсто визуелно поголема и 30 отсто посјајна од вообичаено. Астрономите и психолозите сѐ уште не успеале целосно да ја објаснат оваа појава.
Ова беше последното затемнување на Месечината до мај 2021 година. Не постои гаранција дека универзумот ќе се усогласи за следното затемнување да падне за време на супермесечина и којзнае кога повторно ќе слушнеме за поимот суперкрвава волчја Месечина.
Во продолжение погледнете како изгледаше суперкрвавата
Месечина низ светот.