X
 16.01.2017 Живот

Што Путин очекува од Трамп?

Непосредно пред преземањето на претседателската должност на Трамп, во Москва расположението се движи од еуфорија до воздржаност, стои во извештајот на „Дојче Веле“, кој ви го пренесуваме во целост :


Беше 17 декември 2015 година. По своите годишни конференции за новинари, Владимир Путин додека излегува одговара на уште неколку прашања. Еден новинар прашува за Доналд Трамп. „Тој е многу маркантен, талентиран човек“, рекол рускиот претседател и го нарекол американскиот милијардер „апсолутен лидер во кампањата за претседател“. Во тоа време Трамп според испитувањата на јавното мислење беше најдобар меѓу републиканците. „Тој вели дека односите кон Русија ќе се најдат на друго, подлабоко ниво. Како тоа да не го поздравиме?“, рекол Путин. Трамп возвратил : „Голема е честа да ве пофали човек кој во сопствената земја и во странство е многу почитуван“.

Трамп под се`поголем притисок

Од размената на пофалните зборови помеѓу Путин и Трамп се случија многу работи. Трамп победи на изборите. Уште во текот на кампањата, медиумите и неговиот политички противник Хилари Клинтон, го нарекле „марионетата на Путин“. Причината за тоа е неговиот однос кон Москва, но и различните контакти на луѓето околу него со Москва. Трамп и Москва тоа го отфрлија како бесмислица и реторика на предизборната кампања. По изборите, американските тајни служби го обвиниле Путин дека тој лично наредил хакерски напад на Демократската партија, за да и наштети на Хилари Клинтон. Во меѓувреме и Трамп го прифатил тврдењето дека Русија е одговорна за хакерскиот напад. Но, Трамп одрекува дека има било каква врска со Русија и дека може да биде уценуван.

Кремљ чека промена во Белата куќа

Кога Трамп победи, кај Русите имаше и еуфорични реакции. Таа еуфорија не може да се објасни, но може да се разбере до некаде. Сите се уморни од „бесмислиците“ на Вашингтон во односот кон Русија. Но, Трамп е навистина импулсивен, па Кремљ ќе остане воздржан.

Путин сака почит

Од Москва се испратени две пораки до Трамп, честитка по победата и божиќна честитка, а еднаш разговарале со Путин и телефонски. Главната порака на Путин до Трамп е истата : Русија е спремна за повторно воспоставување односи со САД. За тоа како би изгледало нивното приближување, во моментов може само да се погодува. Кој ги анализира изјавите на Путин, ќе наиде на зборот кој многу често се повторува : почит.

Целта делумно е постигната

На врвот на списокот со желби на Путин за Трамп е целосно укинување на санкциите, кои се воведени во 2014 година, по руската постапка во Украина. Но, Москва поаѓа од тоа дека такво нешто нема брзо да се случи. Изгледа дека на Москва целта и е признавање на руската анексија на Крим, а Трамп во предизборната кампања покажал подготвеност за тоа да се разговара.



НАТО да се држи подалеку од Русија

Русија сака да добие американска гаранција дека Украина никогаш нема да биде примена во НАТО. Русија сака со години НАТО да се држи подалеку од нејзините граници.

Враќање на сферите на влијание

Во случајот со Украина, Русија би сакала нејзиното приближување кон ЕУ да се договори однапред со Москва. Тоа важи и за Грузија и Молдавија. Иако тоа официјално не е формулирано, на Путин му е очигледно важно заедничкото одлучување околу различните светски проблеми.

Што Путин му нуди на Трамп?

Бројни експерти веќе со месеци се обидуваат да објаснат што всушност би можел Путин да му понуди на Трамп како противуслуга. Тоа не е јасно. ОД една страна, Русија на САД секогаш им се нуди како партнер : во борбата против исламскиот тероризам. Тоа е тема за која Трамп и Путин делумно се согласуваат, но тоа не дава надеж.

Автор: Роман Гончаренко DW.de / Превод: М.П.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот