Колку повеќе време поминувате на социјалните мрежи, толку е поголема веројатноста да имате непријатни соништа поврзани со социјалните мрежи кои предизвикуваат вознемиреност, го нарушуваат сонот и влијаат врз нашиот душевен мир. Реза Шабаханг од австралискиот Универзитет „Флиндерс“ вели дека социјалните мрежи имаат потенцијал да влијаат врз различни аспекти од животот, вклучувајќи го и сонот.
- Како што социјалните медиуми стануваат сѐ поиспреплетени со нашите животи, нивното влијание се протега надвор од будното време и можат да влијаат врз нашите соништа - вели Шабаханг, кој разви нова „скала за социјална мрежа поврзана со кошмари“ која може да одреди како социјалните мрежи можат да придонесат за квалитетот на нашиот сон и она што го доживуваме додека спиеме.
Скалата била развиена со вклучување литература за сонот, кошмарите и врските помеѓу медиумите и соништата, со фокус на специфични теми поврзани со користењето на социјалните медиуми, како што се беспомошноста, губењето контрола и слично.
Истражувањето на Шабаханг нуди увид во сложените односи помеѓу употребата на социјалните медиуми, менталното здравје и квалитетот на спиењето и го воведува концептот на кошмари поврзани со социјалните медиуми, сајбер-малтретирањето, онлајн говорот на омраза или прекумерната употреба на социјалните медиуми.
Со брзиот напредок на технологијата, вклучувајќи ги и вештачката интелигенција и виртуелната реалност, заедно со зголемената зависност од овие технологии и нивната подлабока интеграција, ќе се зголеми и бројот на соништа и кошмари поврзани со технолошки и медиумски содржини, тврди истражувачот кој ќе ја посвети следната работа на кошмарите поврзани со перципираните опасности од вештачката интелигенција.
Извор:
Bug.hr
Фото: Freepik