X
 25.02.2024 Живот

Европски земји во кои е најбезбедно да шетате навечер

Кога планирате патување, често се прашувате дали земјата е опасна и какви се шансите да бидете нападнати или ограбени на улица.

На крајот на краиштата, секогаш сакаме да се чувствуваме безбедни и заштитени. Иако Европа е прилично безбедна, особено во споредба со САД или други земји, сепак и во европските земји постојат опасности. Но, не се сите земји опасни, односно во некои можноста нешто да ви се случи додека шетате навечер е минимална.

Веб-страницата Adventurely.com ја објави статијата „Колку луѓето се чувствуваат безбедни додека одат сами навечер во Европа“, во која е наведена листа со земји кои се сметаат за најбезбедни во Европа за ноќно пешачење.

На прво место се најде Хрватска, која ја понесе титулата како една од најбезбедните земји во Европа. На второ место се најде Словенија, на трето место Исланд, Грузија е четврта, а Швајцарија е петта.

Што се однесува до оние што се помалку безбедни, тоа се Шведска, Велика Британија, Белгија, Белорусија. Франција е прогласена за најопасна земја за ноќни прошетки и со тоа се најде на последно место.

Истражувањето се заснова на субјективната перцепција за безбедност кај поединците кога шетаат сами по улиците ноќе во различни земји.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот