X
 27.02.2021 Технологија

Научници користат радарска технологија за да предвидат мозочен и срцев удар

Научници од Хамбург можат да откријат знаци за мозочен или срцев удар во рана фаза со помош на радарска технологија. Технологијата може и да ја предвиди смртта кај неизлечиво болните пациенти.

Идејата е на професорот Александар Келпин од Техничкиот универзитет „Хамбург“.

- Радарските сензори би имале голем потенцијал и би ги направиле попријатни, посигурни и поефективни медицинските прегледи - вели професорот.

Келпин и неговиот истражувачки тим се први во Европа што развиваат радарски системи за медицинска употреба и веќе може да прават клинички тестови на пациентите. Овој тим развил сензорски систем со голема чувствителност за медицинско следење на пациентите. Со радарската технологија може да се анализираат работата на срцето и дишењето без директен контакт.

- Нашите сензори испраќаат електромагнетни бранови кои се рефлектираат од телото. Во практика тоа функционира приближно вака: крвта што излегува од срцето тече во облик на пулсирачки бран низ вените, што на површината на телото создава вибрации. Нив можеме да ги измериме со помош на сензори и врз основа на тоа да утврдиме многу медицински аспекти на крвниот систем - објаснува Келпин.


Фото: Pixabay

Радарот е способен да ги мери малите вибрации од далечина, без допир, а на тој начин со сензорите може да се откријат проблеми со срцето или затнати вени, што го зголемува ризикот за мозочен удар.

Научниците сега ја тестираат технологијата на новороденчињата, фокусирајќи се на епилептичните напади, бидејќи се претпоставува дека неоткриената епилепсија е одговорна за дури 20% од неочекуваните смртни случаи кај новороденчињата.

Според Келпин, оваа технологија би можела да се искористи и за коронавирусот, односно со бесконтактното мерење на отчукувањата на срцето и дишењето може да се утврди заболување од Ковид-19, болеста предизвикана од коронавирусот.

Засега новиот радар се користи само на женската клиника „Ерланген“, на одделот за палијативна нега. Таму се сместени пациенти што се болни од неизлечива болест, а новиот радар може да ја утврди претстојната смрт четири дена претходно.

Извор: index.hr
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија