X
 22.03.2023 Живот

Еве колку ќе трае рамазанскиот пост во земјите низ светот

Утре почнува муслиманскиот свет месец рамазан. Постот за време на рамазан вклучува воздржување од јадење, пиење и пушење во текот на денот со цел да се постигне поголема посветеност на Бога. Постот од утро до зајдисонце може да трае од 12 до 18 часа, во зависност од тоа каде се наоѓате во светот.

Муслиманите што живеат во најјужните земји во светот, како Чиле или Нов Зеланд, ќе постат во просек по 12 часа, додека оние што живеат во најсеверните земји, како Исланд или Гренланд, ќе постат повеќе од 17 часа.

За муслиманите што живеат на северната хемисфера, бројот на часови на пост ќе биде малку пократок оваа година и ќе продолжи да се намалува до 2031 година, кога рамазан ќе ја вклучи и зимската краткоденица, најкраткиот ден во годината. Потоа часовите на пост ќе се зголемат до летната краткоденица, најдолгиот ден во годината на северната хемисфера. Во меѓувреме, спротивното ќе се случи за муслиманите што живеат јужно од екваторот.

Колку ќе трае постот оваа година низ светот?

Гренланд - 17 часа
Исланд - 17 часа
Финска - 17 часа
Шведска - 17 часа
Холандија - 16 часа
Обединето Кралство - 16 часа
Франција - 15 часа
Канада - 15 часа
Италија - 15 часа
Шпанија - 15 часа
Португалија - 14 часа
Грција - 14 часа
Кина - 14 часа
САД - 14 часа
Турција - 14 часа
Мароко - 14 часа
Јапонија - 14 часа
Пакистан - 14 часа
Иран - 14 часа
Израел - 14 часа
Саудиска Арабија - 14 часа
Аргентина - 12 часа
Уругвај - 12 часа
Австралија - 12 часа
Чиле - 12 часа

Извор: Klix
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот