X
 08.08.2021 Наша тема

Која била улогата на жените во времето на Крушевската Република, како се создаваше „Кико“, печатените дневници заминуваат во историјата... Што истражувавме неделава?

Во случај да пропуштивте...

Илинденки: Мајки и невести на комити, медицински сестри, војвотки, со пушка в раце или револвер в пазуви... Која била улогата на жените во времето на Крушевската Република? Колку во јавноста се познати детали за револуционерната улога на жените? Дали илинденската борба би била можна без учество на жените? Професорката Наташа Котлар-Трајкова од Институтот за национална историја вели дека жената била присутна во создавање на револуционерната идеја, но во рамките на општествените и на културните услови во тоа време.Жените се присутни во Илинденското востание и како мајки на востаниците, но и како млади жени со сопрузи и свршеници.

Со новата учебна година печатените дневници заминуваат во историјата Од учебната 2021/2022 година во училиштата повеќе нема да има печатени дневници. Наставниците ќе ја водат педагошката евиденција во електронскиот дневник. Со ова им се излегува во пресрет на нивните долгогодишни реакции и барања да се растоварат од административна работа, која и онака е обемна.

Русе Арсов, директор на МКЦ: Важноста и свежината на програмата, зачинета со традиционалното македонско гостопримство, се гласот што за нас се проширил Младинскиот културен центар - МКЦ продолжува да работи со полна пареа и покрај сите ограничувања што ги наметна пандемијата. МКЦ има малку повеќе среќа, најверојатно. Тука во моментот работат луѓе што, пред сè, се искусни и посветени работници, големи професионалци, кои секојдневно внесуваат премногу љубов, страст, емоција и креативност во она што го работиме. Но најважно, свесни се дека работат во јавен сектор, а со тоа и дека мора да се грижат за потребите на публиката, но и за потребите на самите артисти и другите независни чинители на културата, вели директорот Русе Арсов во интервјуто за Факултети.мк

Ертај и Кристијан, дел од тимот што го изработи гласот на првиот дигитален читач на македонски јазик за слепи лица: Како се создаваше „Кико“? Животниот предизвик како лица со оштетен вид бил еден од мотивите на Кристијан и Ертај да им овозможат на другите со ваква попреченост полесно да го почувствуваат духот на пишаниот збор и на книгата. Со самото тоа што Ертај е инженер по информатички технологии, а Кристијан е јазичар, биле перфектна комбинација за ефикасна комуникација со компанијата која овозможила за кратко време да се дојде до првата верзија на „Кико“.

Колумна на д-р Џансун Буковец: Невидлив непријател Денес сме помалку со 5.493 деца, мајки, татковци, баби, дедовци, соседи, роднини, пријатели. Згаснати 5.493 животи. Полни со скрб. Цвили земјата по 5.493 овенети цветови. 5.493 трагови неизбришани од нашите куќи, срца и мисли. Зарем не беше доста верувањето во небулози, не беше ли тешко гледањето како некој болен се мачи, нели беше болно губењето на близок?

Филтер за прочистување природна вода кој влегува во секое шише - дело на велешки средношколци со кое победија на Кампот на иновации Ако се рекреирате во природа, планинарите или возите велосипед, а немате пристап до вода за пиење, тогаш најдобро е да го користите иновативниот филтер за прочистување природна вода со кој тимот „Вин“ од средното стручно училиште „Димитрија Чуповски“ од Велес го освои првото место на Кампот на иновации организиран од „Џуниор ачивмент Македонија“

Д-р Елена Величкова-Никова, вонреден професор, Институт за органска технологија: 7 предности за градење кариера во прехранбена технологија и биотехнологија „По природа сум вљубеник во науката и се одлучив за природни науки со инженерски пристап и го направив вистинскиот избор. ТМФ беше портал кој ме поврзуваше со врвни светски универзитети и ми овозможи да бидам дел од многу семинари, работилници, тренинг школи, кои ми помагаа да се изградам во академска личност каква што сум денеска и да станам вонреден професор на свои 40 години.“

Зелената енергетска транзиција е невозможна без приватни инвестиции Јавните инвестиции во секторот енергетика се мали по обем и придонесот на другите извори на финансирање, особено на домашниот и на странскиот приватен капитал, ќе биде клучен за реализација на Стратегијата за енергетика, велат од Министерството за економија

Колумна: Религијата и потребата од неа во современото образование Со веронауката децата ќе добијат верско образование, но ќе се изградува и нивната личност. Децата ќе научат како да се однесуваат со своите другарчиња, како да се разбираат и почитуваат. Брзото темпо на живеење наметнува време на посветеност на едни кон други, со веронауката ќе го сфатат значењето на семејството, хуманоста, пријателството и љубовта

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема