Популарното пенкало од комапнијата „Бик“ постојано се наоѓа во нашите раце и постојано го користиме. Меѓутоа, дали знаете зошто служи дупката која се наоѓа на капачето?
Кога производителот на ова пенкало ја додаде дупката, таа се чинеше како малечка, едвај забележлива иновација. Сепак, таа има доста вредна функција.
Како што знаеме, малите деца често ставаат разни предмети во нивната уста, а не се исклучок и капачињата од овие пенкала, а возрасните поради нервоза или недостаток на концентрација ги „гризат“ врвовите на капачињата. Токму тука настапува дупката на капакот. Таа во вакви ситуации овозможува човек да добие доволно воздух со кој може да преживее додека дојде брзата помош.
Експертите од компанијата „Бик“, во 1991 година го сфатиле овој проблем и го решиле со иновацијата која поминала едвај забележливо. Но, сосема ситната промена во дизајнот годишно спасува повеќе од стотина детски животи.
Дека овој новитет на француската компанија е сфатен доста сериозно, потврдува и фактот што повеќето произведувачи на пенкала започнаа да ставаат дупки на капачињата од нивните пенкала.