X
 10.10.2016 Живот

Гигантската дупка која е во пламен 40 години

На прв поглед, ова би можело да изгледа како драматична сцена од научно-фантастичен филм. Но оваа гигантска дупка што гори се наоѓа во срцето на пустината Karakum. Не се работи за последици од нападот на Земјата од вселената, туку за кратер што гори повеќе од 40 години.

Добредојдовте да Derweze во Туркменистан или како што локалните жители ја нарекуваат "Врата во пеколот". Советските геолози во 1971 година ја дупчеле пештерата полна со природен гас, но земјата под дупчењето пропаднала оставајќи дупка со дијаметар од 70 метри. Во стравот дека дупката би довела до ослободување на токсични гасови, тимот решил да ја запали. Постоела надеж дека ќе се уништи целиот гас за неколку дена, но гасот гори до ден денес.


дупка што гори 40 години


Пламенот создава златен сјај, кој може да се види од неколку километри околу Derweze, село со население од околу 350 жители. Кратерот се наоѓа околу 260 километри северно од Ашхабад, главниот град на Туркменистан.

Во Април 2010 година, претседателот на државата, Gurbanguly Berdimuhamedow го посетил местото и наредил дупката да се затвори, но тоа не се случило досега. Karakum пустината, која опфаќа голем дел од Туркменистан, се наоѓа источно од Каспиското езеро и е област која има значителни извори на нафта и природен гас.


Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот