Не е тајна дека мразот во Сибир е се потенок. Големи дупки се појавуваат насекаде, а најновото истражување открива дека еден од најголемите кратери во регионот, се проширува драстично брзо и покажува досега неоткриени шуми.
Познат како „Батагаика катерот“, голем број истражувачи го сметаат за аномалија во регионот. Не само што е најголем , туку зачудувачки е тоа што кратерот се повеќе се зголемува и тоа во измината декада кратерот се зголемил за 10 метри.
Жителите од околината стравуваат дека кратерот се повеќе ќе се продлабочува и ќе ги изложи во средината скриените количини на јаглерод диоксид, бидејќи тоа се случува со самото топење на мразот. Но, постои уште нешто – неодамна објавена студија покажала дека слоевите во кратерот можат да откријат климатски информации стари
200 илјади години.
Според експертите, со тие информации ќе може да се дознае како климата се менувала во минатото и како ќе се менува во иднина. Додека климата на поголемиот дел од планетата се менувала во текот на минатите 200 илјади години, сепак историјата на климата во
Сибир во главно е непозната. Според експертите, денешните нивоа на емисија на C02 во атмосферата се многу повисоки отколку пред 10 илјади години. Ако информациите кои се познати до сега дадат до знаење што се случува во Сибир во изминатите години, тогаш можеби ќе можат да се предвидат и идните настани во тој регион. Експертите планираат да копаат во регионот за да ја анализираат почвата и да добијат повеќе информации со кои ќе разберат што точно се случувало во минатото.
Истражувањето е објавено во „Quaternary Research“.