Искусувањето стрес и т.н. негативни емоции може да имаат и позитивни последици. Луѓето што одбрале и/или научиле здрави начини за совладување на стресот стануваат психолошки поотпорни и со поголема благодарност кон животот и она што го имаат. По доживеан поголем стрес и траума многумина продолжуваат да живеат поисполнето и со повисока цел. Со грижа и планирање можеме да бидеме психолошки силни за време на оваа пандемија и целото ова искуство да го искористиме за лична трансформација и личен раст и развој.
Советите на психологот Александра Бошкова прочитајте ги на
Деца.мк.