Укинување на полицискиот час од 16 јуни е една од мерките што Комисијата за заразни болести ќе му ја предложи на Кризниот штаб, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук-профил.
Освен тоа, министерот наведе дека Комисијата ќе предложи и да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1.000 лица.