X
 26.05.2020 Живот

Од утре крај за полицискиот час, од четврток се отвораат угостителските објекти

Од утре целосно престанува одлуката за забрана за движење и посебен режим, а од четврток со работа почнуваат угостителските објекти кои имаат тераси – ова го соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски, на денешната прес-конференцијата. Од 1 јуни ќе престанат да важат заклучоците на Владата со кои различни категории лица се ослободени од работа.

- Ова нема да важи за хронично болните. Отстапка за оваа одлука ќе има и за родителите кои имаат деца до 10 години за кои ќе се чека одлуката за почнување со работа на градинките. Угостителските објекти ќе работат со прецизно утврден протокол, а работата во затворените делови на локалите ќе се регулигра во наредните фази – рече Спасовски.

Одлуките се донесени според анализите на Комисијата за заразни болести, врз основа на одредени услови, одлуки со кои престанува важењето на повеќе рестриктивни мерки.

Владата донесе одлука и за измена на правилата за задолжителниот државен карантин на државјаните кои се враќаат со хуманитарни летови. Имено, државниот карантин ќе се замени со домашна изолација, доколку лицата приложат ПЦР тест негативен во последните 72 часа пред да влезат на територијата на Македонија.

Од денеска сите лица кои се спроведени во карантин и на свој трошок да го направат тестот и да бидат упатени на домашна изолација - истакна Спасовски. 

- Зошто ги донесовме овие одлуки? Фактот дека македонското здравство реагираше соодветно навремено и добро се справи со коронавирусот. Постојано потенцирам дека сите одлуки се носат на стручни и препораки на Комисијата. Две суштински причини произлегуваат од анализите. Состојбата со епидемијата е под контрола, бројот на активни случаи е стабилен. Зголемениот број на новодијагностицирани е од непочитување рестриктивни мерки во претходната фаза и на сите нас добро познати кластери. Втора причина за да ги донесеме денешните одлуки е тоа што капацитетите и знаењето на медицнските работници достигнаа високо стручно и професионално ниво и ни дава за право дека здравствениот систем е поставен така да може да одговори на очекуваните тенденции - изјави Спасовски.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот