X
 27.03.2020 Здравје

18 новозаболени со коронавирус, бројот порасна на 219

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје - 11, Прилеп - 4, Куманово - 2, Тетово - 1.

Со ова вкупниот број на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во:
- Скопје (134)
- Дебар (43)
- Куманово (17)
- Штип (8)
- Прилеп (6)
- Охрид (3)
- Велес (3)
- Кавадарци (2)
- Тетово (2)
- Гостивар (1)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје