Новите дипломци може да мислат дека се подготвени за светот, меѓутоа кај нив уште постои место за учење и мудрост.
Според голем дел од бизнис лидери - извршни директори на големи старт ап компании, како и декани на водечки бизнис училишта, овие книги треба да ги прочитаат сите дипломци.
„The Boys in the Boat“, Даниел Џејмс Браун - Приказна за атусајдерски веслачки тим кој успеал да ги победи елитните тимови на Америка и Европа на пат кон Олимпијадата во Берлин во 1936 година претставува одличен пример за тоа како изгледа кога човек е одлучен да биде дел од тимот и да се жртвува себеси.
„Тhe Five People You Meet in Heaven“, Мич Албом - Бестселер од 2006 година кој го учи човек дека секогаш има влијание врз нечиј живот.
„Churchill“, Рој Џенкинс - Биографијата за британскиот премиер е одлична приказна за неуспех, упорноста, важноста на тајмингот и пребродувањето на катастрофите.
„Team of Teams“, Стенли Мекристал - Во оваа книга, Мекристал објаснува како сумата е поголема од самите делови.
„Arcadia“, Том Стопард - Драмата од 1993 година ги комбинира минатото и сегашноста со цел да го истражува значењето на вистината.
„The Obstacle is the Way“, Рајан Холидеј - Книга за стоичката филозофија која ви покажува дека потешкиот начин често пати е правилниот начин.
„The Hero’s Journey“, Фил Казинеу - Интервјуа со Џозеф Кембел, познатиот писател и професор по митологија со видувања од антрополози, кинематографери и музичари инспирирани од неговите дела.
„The End of Power“, Мојсеј Наим - Мојсеј објаснува како идеите за авторитет и контрола се менуваат со неверојатна брзина.
„1984“ и „The Weapons Shop of Isher“ - Овие две дела на научна фантастика, класикот од 1949 година на Орвел и романот на А.Е ван Вогт нудат две визии за дистописка иднина.
„The Innovators“, Волтер Исаксон - Историјата на мажите и жените кои го создадоа компјутерот и интернетот. Предизвикот за иновација е најважното нешто со кое денес се соочува Западот.
„The Fourth Industrial Revolution“, Класу Шваб - Клаус ја дава својата теорија за тоа дека моментално се наоѓаме на почетокот на нова ера која фундаментално ќе го промени начинот на кој живееме и работиме.
„Middlemarch“, Џорџ Елиот - Книга во која ликовите се доста интригантни, содржината маѓепсува, а гласот на нараторот е моќен.