X
 22.05.2017 Наука

Научници откриле можен доказ за постоење паралелни универзуми

Нова студија поврзана со едно од најнеобјаснивите места во космосот може да ни го даде првиот доказ дека живееме во мултиверзум.

Идејата за „мултиверзум“ подразбира дека бесконечно многу универзуми, вклучувајќи го и овој во кој живееме, егзистираат паралелно едни на други. Овие универзуми се разликуваат според мноштво физички својства, многубројни Биг Бена, вселенски меури и можеби алтернативна верзија од нас.

Студијата на неколку Британски астрономи се осврнува на т.н. „Празнина Еридан“ – особено студена област во вселената што е забележана во позадинското космичко зрачење, а која потекнува од почетоците на универзумот, пред 13 милијарди години. Вообичаено температурите на радијацијата се разликуваат низ универзумот, но оваа студена област е многу поголема од другите (и околу 0,00015 Целзиусови степени постудена од опкружувањето).

Едно објаснување е дека оваа празнина не постои и дека е илузија што ја создава ширењето на универзумот. Вселенскиот простор со помалку галаксии или „празнини“ се формира со забрзувањето на експанзијата. Со помалку од 10.000 галаксии, празнината Еридан би била суперпразнина.

Но, студијата објавена во „UK’s Royal Astronomical Society“ тврди дека суперпразнината не е валидно решение на загатката поврзана со празнината Еридан.

Истражувачите мислат дека наместо една гигантска празнина, во таа област се наоѓаат галактички кластери собрани околу помала празнина што личи на меур и дека се премали за да имаат удел во намалувањето на температурата во празнината Еридан. 

Друга хипотеза што ја поставуваат научници од Универзитетот во Дарам е дека оваа празнина е резултат од судар помеѓу нашиот универзум во неговите почетоци и некој друг универзум. Енергијата што притоа се ослободила би можела да ја создаде празнината Еридан.

Во видеото во продолжение, можете да го погледнете објаснувањето на Мичио Каку на идејата за постоење мултиверзум:


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука