На излезите од поранешните држави, кога на југословенските патишта се наоѓаа стотици илјади возила „застава“, кои и не беа баш млади, безбедноста на сообраќајот беше на завидно ниво. Фактите покажуваат дека понудата била многу посиромашна, а за најевтиниот автомобил од сите, „југо корал 45“, морало да се работи 30 месеци.
За „фиат 126“, познат како „пегла“, биле потребни 19 просечни плати.
Еден месец повеќе работникот морал да работи ако наместо „југо“, сакал лимузина „шкода 12Л“, а вкупно 35 просечни плати биле потребни за „рено 4“.
Најдостапниот компактен семеен автомобил бил „застава 101“ за 38 плати, а потоа следувале руските гордости „алеко“ за 42 и „лада самара“ за 54 плати.
Средната класа барала нешто повеќе, па за „југо флорида“ требало да се работи 75 месеци. За „фолксваген голф“ дизел требало да се работи 96 месеци или цели осум години. „Рено 19“ и „фиат типо“ беа за некоја плата поскапи.
Кога станува збор за автомобили што не можеа често да се видат на патиштата, приказната ја отвора италијанскиот автомобил „алфа 164“ со фантастичен V6 мотор што можеше да се купи со 322 просечни плати. Уште поскап беше „опел омега“, како и француското „рено 25“, кое исто така беше со V6 мотор.
На самиот врв се два германски автомобили. За „бе-ем-ве 750iL“, односно продолжена верзија со V12 мотор било потребно да се издвојат 912 просечни плати или поточно 76 години работен стаж.
На крај, најскапиот автомобил на тогашниот
пазар беше „мерцедес 560 SEC“, за кој требало да се издвојат 1.231 месечна плата, односно требало да се работи нешто повеќе од 102 години.