X
 27.01.2021 Здравје

Како безбедно да се возите во автомобил со други лица во време на пандемија

Возењето со едно или повеќе лица во автомобил е една од најризичните работи што може да ги направите кога станува збор за пренесување на коронавирусот. Иако автомобилот изгледа како безбедна алтернатива во споредба со јавниот превоз, сепак, станува збор за мал и затворен простор. Дури и доколку сите патници носат маски, најситните честички може да избегаат во воздухот.

Варгес Матаи, физичар од бостонскиот Универзитет на Масачусетс, вели дека овие честички се разредуваат на отворено, но може да останат и да се соберат во воздухот на затворено. Матаи заедно со колеги од Универзитетот „Браун“ истражувал како ситните честички се движат во возилото.

Неговата симулација била објавена во списанието „Сајенс адвенсис“, а покажува дека отворањето на прозорците е најефективен метод за ослободување од честичките што можеби го содржат коронавирусот.


Фото: Pixabay

Кога сите прозорци биле затворени, 8-10 отсто од честичките издишани од една личност стигнувале до другите патници. Овој процент паднал на 0,2 до 2 отсто кога биле отворени сите четири прозорци.

Во студените денови авторите препорачуваат отворање на прозорецот спроти возачот (предниот десен прозорец) и оној зад него (задниот лев прозорец). Кога автомобилот се движи, отворањето на прозорците од спротивни страни може да го олесни излегувањето на честичките. Матаи советува прозорците да се спуштат барем до половина.

Тој додава дека дополнителната вентилација во автомобилот не може да ги замени другите мерки за превенција, како носење маски, миење раце и дезинфекција на површините.

Автор: Андреа Мајклсон
Извор: businessinsider.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје