X
 22.05.2023 Економија

Просечната нето-плата за март изнесува 34.925 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2023 година изнесува 34.925 денари, а просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен за истиот месец изнесува 52.318 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2023 година, во споредба со март 2022 година, изнесува 112,4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: градежништво (19,8%), образование (15%) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (14,9%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: рударство и вадење камен (14,6%), преработувачка индустрија (6,4%) и уметност, забава и рекреација (5,4%).

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија