X
 09.04.2024 Живот

Која земја има највисока просечна плата во Европа?

Кога станува збор за најдобрите земји во Европа за посета, одмор и слично, на интернет можат да се најдат многу информации.

Но, економската моќ на континентот може да се види и по тоа што 8 од 20 најголеми економии се наоѓаат токму во Европа, како и некои од најбогатите земји во светот.

Но, како сето тоа може да се претстави во однос на тоа колку луѓето заработуваат во Европа?

Просечната плата на саат (во евра) низ Европа е прикажана на графиконот подолу. Колку е посина нијансата, толку е поголема платата на саат. Податоците од оваа визуализација доаѓаат од „Вростат“ и се актуелни до 2023 година.


1
2
Фото: Visual Capitalist


Луксембург, главниот град на европските финансиски услуги, има највисока просечна плата (47 евра на час) на целиот континент. Исто така, земјата има и највисок БДП по глава на жител во светот.

И скандинавските Данска и Норвешка плаќаат повисоки дневници (42 евра на час), а Шведска се наоѓа некаде на средината со 26 евра на час.

Бугарија бележи најниска просечна плата во оваа база на податоци со 8 евра на час.

Графиконот покажува дека Северна и Западна Европа имаат повисоки просечни плати од Јужна и Источна Европа, што ги одразува разликите во економскиот развој и богатство.

Сепак, оваа поделба не била секогаш присутна. Всушност, во минатото ситуацијата била обратна. Медитеранските цивилизации порано биле едни од најбогатите во светот затоа што имале голема корист од пристапот до морето преку Северна Африка и Левант.

zemji
Фото: Visual Capitalist

Но, до 16 и 17 век трговијата со Атлантскиот Океан отворила пристап до многу поголеми пазари, поттикнувајќи ги економскиот раст и акумулацијата на богатство за западната половина на Европа.

Секако, мапата на просечни плати е и одраз на трошоците за живот, што влијае врз куповната моќ, изборот на животниот стил и севкупните економски услови за поединци и семејства.

Изворот не обезбедил податоци за Русија, Велика Британија, Швајцарија, Србија, Босна и Херцеговина, Лихтенштајн, Македонија, Андора, Сан Марино, Монако и Ватикан.

Извор: Visual Capitalist
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот