Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август била 22,912 денари, и е зголемена за 2,8 процента во споредба со претходната година.
Според Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи на покачувањето на нето-платата во секторите рударство и вадење камен за 3,12 отсто, уметност, забава и рекреација за 10,8 отсто и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,5 отсто.
Во август бруто-платата по вработен изнесувала 33,675 денари и е зголемена за 2,7 отсто.
Ова се професиите што во август зеле највисока плата:
Финансиски дејности и дејности на осигурување 39,676 денари
Информации и комуникации 38,375 денари
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 37,555 денари
Рударство и вадење камен 35,782 денари
Целосниот извештај можете да го погледнете
ТУКА.