23.07.2024
Живот
ДЗС: Просечната нето-плата за мај е 41.252 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2024 година изнесува 41.252 денари, соопшти Државниот завод за статистика, додавајќи дека просечната бруто-плата за истиот месец е 62.032 денари.
Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2024 година во споредба со мај 2023 година изнесува 113,1.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: образование (19,6%), уметност, забава и рекреација (19%) и јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (16,3%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: рударство и вадење камен (5,7%), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4,4%) и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4,3%).
Фото: Freepik