Иако можеби најпрво размислуваме да ја намалиме количината на кујнската сол, со цел да го намалиме внесувањето на овој минерал во телото, скриените предатори всушност демнат во високо процесираната храна. Но, покрај поттикнувањето на хипертензијата и ризикот од мозочен и срцев удар, научниците покажале дека прекумерниот внес на сол може да има негативно влијание врз нашиот цревен микробиом.
Ова било откриено со студија во која научниците заклучиле дека консумирањето високо ниво на натриум, може да потисне некои од корисните микроби кои живеат во нашите црева. Затоа, се покажало дека и малите промени во навиките за солена храна можат да влијаат на микробите.
Натриум скриен во високо процесираната храна
Повеќето јадат премногу натриум без да го сфатат тоа. Во просек внесуваме 11 грама сол дневно, што е двојно повеќе од препорачаните пет грама и дури пет пати повеќе од физиолошките потреби на нашето тело. Околу 70 проценти од солта во исхраната доаѓа од обработената храна како леб, пица, чипс, сувомеснати производи, инстант супи и друга слична храна.
Последици од вишокот сол: Нерамнотежа на здрави микроби
Резултатите од оваа клиничка студија откриле дека оние кои консумирале вишок сол, во нивните тела предизвикале намалување на важните цревни микроби познати како Лактобацилус, кои се важни за нашиот имунолошки систем. Во големи опсервациски студии, научниците откриле дека оние кои консумираат повисоки нивоа на натриум, имаат поголема веројатност да имаат патогени бактерии во нивните црева. Истите студии покажуваат дека луѓето кои консумираат многу сол, имаат помалку разновиден микробиом, што е поврзано со повисоки стапки на дебелина, хипертензија и други хронични болести.
Помалку масни киселини од краток ланец
Масните киселини од краток ланец произведени од нашите цревни микроби, се добри за нашето метаболичко здравје. Тоа е она што го открила оваа студија, која побарала од 145 возрасни лица со нетретирана хипертензија, да следат диета со малку натриум шест недели.
Истражувачите откриле дека кога учесниците јаделе помалку натриум, имале повисоки нивоа на масни киселини од краток ланец, понизок крвен притисок и подобрувања во здравјето на крвните садови, во споредба со оние кои биле на диета богата со натриум.
Како да го намалите внесот на сол? Намалете со високо процесираната храна
Во исхраната треба да вклучите што е можно повеќе намирници кои се минимално обработени. Тоа се свежо овошје и зеленчук, риба, јаткасти плодови, чист јогурт, месо од живина, јајца и друго. Во исто време, намалете ја потрошувачката на разни пици, тестенини, салами, готови сосови, чипс, крекери и друга преработена храна.
Побарајте натриум во состојките
Исто како што многумина од вас стекнале навика да ги гледаат калориите и јаглехидратите на пакувањата со готовата храна, обидете се да ја вклучите дополнителната навика за проверка на содржината на натриум во овој ритуал. Генерално се смета дека храната има малку натриум доколку обезбедува пет или помалку проценти од дневната вредност на натриум по порција.
Користете замена
Иако солта сама по себе не е лоша, згора на тоа, на нашето тело му е потребна, секој вишок е лош. Еден начин да го намалите влијанието на солта врз здравјето е да го зголемите внесот на калиум, за да можете да ја замените кујнската сол со калиум или натриум хлорид. Исто така, можете да јадете храна богата со калиум како лиснат зеленчук, леќа, грав, наут, портокали, банани, киви, манго и други.
Користете зачини
Наместо да ја зачинувате храната со кујнска сол, обидете се да користите лук во прав, црн пипер, сусам и други минимално обработени билки.
Извор:n1info.hr
Фото: Freepik