X
 07.01.2024 Наука

Дали може да се почувствува земјотрес во авион?

На Земјата годишно се забележуваат над еден милион земјотреси, а поголемиот дел од нив луѓето не ги чувствуваат. Околу 30 земјотреси годишно земаат човечки жртви. Можеби некогаш сте се запрашале дали земјотресот може да се почувствува во авион?

Научниците објаснуваат дека кога сеизмичките бранови ја напуштаат Земјината кора и минуваат низ атмосферата, тие се претвораат во звучни бранови. Меѓутоа, бидејќи овие бранови обично се под опсегот на звук што луѓето можат да го слушнат (под 20 херци), тие остануваат незабележани.

Татнежот што го слушаме за време на земјотрес е предизвикан од сеизмички бранови кои се движат низ цврсти материјали, како што се карпи или бетон. Брановите ја губат својата енергија со текот на времето и растојанието, и како резултат на тоа, нивниот интензитет слабее додека патуваат низ медиум како што е воздухот.

Така, дури и ако сеизмичките бранови успеат да поминат растојание од околу 11 километри, или висината на која обично летаат авионите, тие би биле толку ослабени, па нема да ги слушнеме поради звуците на моторите, а уште помалку да ги почувствуваме вибрациите.

Затоа, најбезбедно место за време на земјотрес е авионот, под услов да лета, односно да е во воздух.

Извор: Pun kufer
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука