X
 03.02.2019 Живот

Во Јапонија е забележана рибата која се смета за предвесник на катастрофа

По неколкуте забележувања на риба која живее во длабоките води, јапонските социјални мрежи се преплавени со стравувања дека тоа е предвесник на земјотреси и цунами.

Во петокот две риби наречени „oarfish“ биле откриени откако биле фатени во мрежи за риболов кај северната префектура Тојама, со што бројот на пронајдените вакви риби за оваа сезона се искачи на седум. Неделава ваква риба долга 3,2 метри се појави на брегот на заливот Тојама, додека една долга четири метри беше фатена во мрежа во близина на простаништето Имизу.

Овие неуловливи риби живеат на длабочина меѓу 200 и 1.000 метри. Тие се сребреникави со црвени перки. Во Јапонија тие се познати како „Ryugu no tsukai" или „Гласникот од палатата на морскиот бог“, а легендата вели дека тие испливуваат на бреговите пред да се случат подводни земјотреси. Но, научниците ги негираат тие тврдења.

-Нема никаков научен доказ за теоријата дека овие риби се појавуваат пред големи земјотреси. Но, не можеме со 100-отстотна сигурност да ја негираме можноста. Можно е глобалното затоплување да има влијание на појавувањето на рибите, или пак некоја друга причина за која не сме свесни - истакнува Казуса Саиба, чувар во аквариумот „Уозу“.

View this post on Instagram

#うおすいレア生物 #またまた❗️ #リュウグウノツカイ 昨日、魚津市経田の海岸でリュウグウノツカイが打ち上げられているのが発見されました❗️全長は323cm。 富山湾では今年度5例目です。 あいにく今回発見されたものは 鳥につつかれ損傷が激しかったので、解剖などを行い研究用にしました。 前回獲れたリュウグウノツカイは 2/2(土)と2/3(日)の2日間限定で展示しますよ⤴⤴ 全長394.8cm。 今回はタッチOK🙆‍♂️ 深海魚ファンは見逃せませんよね〜🙌🙌 #幻の魚 #oarfish #deepsea #nature #beautiful #魚 #珍魚 #さかな #魚津水族館公式 #魚津水族館 #水族館 #富山 #uozuaquarium #aquarium #uozuaquariumofficial #限定 #レア #魚津 #経田 #背ビレ腹ビレ美しい #花魁

A post shared by 魚津水族館 公式 (@uozuaquarium_official) on


Митот дека овие риби се предвесник на катастрофа се популаризира по земјотресот и последователното цунами во Фукушима во 2011 година, кога загинаа повеќе од 20.000 луѓе. Во текот на годината пред катастрофата, на бреговите на Јапонија се појавија најмалку десетина вакви риби.

Иако се сомнева во валидноста на теоријата, Саиба истакнува дека едно можно научно објаснување може да биде дека суптилните промени во кората на Земјата на дното од морето пред земјотрес може да предизвикуваат струјата да ги турка суштествата од дното на површината.

View this post on Instagram

#フィールド 昨日、新湊の定置網でリュウグウノツカイが捕獲されました‼️ サイズは394.8cmで、魚津水族館の記録では4番目の大きさです😁 綺麗な個体なので、 2/2(土)と2/3(日)の2日間限定で展示予定です! 展示中はリュウグウノツカイに触ることができるので、どんな触り心地か確かめてみよう✨ #うおすいレア生物 #リュウグウノツカイ #触ると指が銀色になる#タッチOK #幻の魚 #oarfish #deepsea #nature #beautiful #魚 #珍魚 #さかな #魚津水族館公式 #魚津水族館 #水族館 #富山 #uozuaquarium #aquarium #uozuaquariumofficial #限定 #レア #新湊#新湊漁協

A post shared by 魚津水族館 公式 (@uozuaquarium_official) on


Но, Осаму Инамура, директор на аквариумот, има друга научна теорија за појавувањето на рибите. Тој вели дека тие го следат движењето на нивната храна - еден вид на микро морски ракчиња.

-Кога ракчињата ќе се издигнат кон планктоните во текот на денот, рибите некогаш може да ги следат и да бидат фатени во мрежите на риболовците - објаснува Инамура.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот