X
 22.07.2018 Наука

Слушнете ја „музиката“ снимена меѓу Сатурн и Енцелад

Има еден опсесивен свиреж од вселената кој ја покажува моќта на плазмата меѓу една планета и нејзината месечина. НАСА објави снимка од тоа како звучи оваа супстанца кога се движи меѓу Сатурн и Енцелад.

Од НАСА објаснија дека луѓето можат да го слушнат звукот само со мала технолошка магија. Вселенскиот брод „Касини“ ги снимил овие интеракции во радиобранови, кои покрај таквото име, сепак се создадени од светлина, а не од звук. Потоа истражувачите ги збиле и конвертирале радиобрановите во звук кој можеме да го слушнеме.



А што всушност слушаме? Тоа е моќната магнетна околина на Сатурн во интеракција со Енцелад. Сатурн има многу посилно магнетно поле од она на Земјата, а и Енцелад не е пустелија како Месечината.

Би било супер да се соберат повеќе вакви звуци, но „Касини“ е мртов. Вселенскиот брод остана без гориво на почетокот на септември, кога и го сними звукот. Само две недели подоцна намерно се урна на Сатурн. Самоубиствениот потег беше предвидено да ги заштити месечините на кои би можело да има живот (како Енцелад) од загадување.

НАСА сега засега нема планови за праќање нов брод во близина на Сатурн, но има друго летало кај Јупитер, кое би можело да ни даде повеќе податоци за магнетното поле на таа планета. Јупитер го има најсилното магнетно поле во соларниот систем.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука