На 20 јули основачот на „Амазон“, Џеф Безос, беше вториот милијардер што леташе до границата со вселената. Со богатство од над 200 милијарди долари, Безос беше најбогатата личност што летала над атмосферата на Земјата, но и најбогатата личност во светот.
Безос бил премногу богат и пред пандемијата, а неговата компанија „Амазон“ е совршен бизнис за пандемија со оглед дека повеќе луѓе пазарат преку интернет. Во октомври минатата година било откриено и точно колку пари заработил Безос за време на пандемијата.
Фото: Wikipedia
Според американскиот новинар Ананд Гирихарадас, Безос заработил доволно пари за време на пандемијата за да му подели бонус од 105.000 долари на секој од неговите 876.000 вработени во „Амазон“. Богатството на Безос се зголемило за 72 милијарди долари од почетокот на 2020 г.
Истовремено, богатството на Илон Маск се зголемило а од 27 милијарди долари на 90 милијарди долари за време на пандемијата, открил Гирихардас за НПР.
Извори:
Grunge |
NPR