X
 30.12.2022 Живот

99-годишен милијардер сѐ уште работи и има само еден совет: „Бидете малку посреќни“

Искусните деловни луѓе добро знаат кој е Чарли Мангер. Овој американски инвеститор има 99 години.

Според „Форбс“ 2022 година, Чарли Мангер има нето-вредност од 2,3 милијарди долари, а од искусниот бизнисмен можеме да научиме многу - не само за бизнисот, туку и за животот.

Познато е дека Мангер не верува во криптовалутите или златото како „безбедно засолниште“, но затоа верува во моќта да се чувствувате среќни. Неодамна на годишниот состанок на компанијата „Дејли журнал“, каде што тој е директор, објасни и зошто мисли дека сите треба да бидеме посреќни.

Тој вели дека не разбира зошто луѓето не се задоволни со она што го имаат, особено во споредба со оние што поминале низ тешки времиња во минатото.

- Луѓето сега се помалку среќни отколку кога работите беа многу потешки - рече Мангер, кој се навраќа на триесеттите години на минатиот век, кога станал полнолетен.

Тој вели дека тоа било време кога Американците се бореле да преживеат поради тешката економска криза позната како Големата депресија. Мудриот Мангер, исто така, се пожали дека зависта е движечкиот фактор на многу луѓе.

- Многу години пред 19 век немаше печатени медиуми, клима, модерна медицина - истакна тој.

На гореспоменатиот годишен состанок Мангер го истакна размислувањето на психологот од „Харвард“, Стивен Пинкер, кој тврди дека квалитетот на животот драстично се подобрил во последните два века.

Во 2019 година добриот соработник и пријател на Бафет, исто така, зборуваше за нееднаквоста во приходите, велејќи дека таа не е толку голема како што се чини. Од друга страна, со погрдни имиња ги нарече политичарите кои гласно зборуваа за таа празнина.

Сè на сè, суштината е дека можеби навистина треба да го слушаме Чарли Мангер и да се обидеме да бидеме барем малку посреќни во 2023 година и понатаму.

Извор: CNBS
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот