X
 22.07.2022 Живот

Германците сѐ почесто ги кршат законите на автопатите и покрај казните

Во Германија е забрането секое автоматско предупредување на системот за мерење на брзината.

Со други зборови, на возачите не им е дозволено да ракуваат со соодветна технологија (на пример, радарски детектори), ниту да ја имаат во возилото. Казната за непочитување на пропишаната норма е 75 евра, а повлекува и одземање на бод во Фленсбург.

Возачите не смеат да користат ниту системи за навигација кои прикажуваат камери што ја мерат брзината во сообраќајот, како и апликации за предупредување за истите тие камери.

Сепак, се чини дека на возачите не им е грижа. Истражувањето покажува дека 49 отсто од германските возачи користат детектори, а околу четвртина (27 отсто) користат апликации инсталирани на паметни телефони. Исто така, 14 отсто од возачите користат специјални уреди за предупредување од радар, а 13 отсто знаат за камерите за брзина што им ги покажува нивниот систем за навигација.

Она што е дозволено се општи извештаи за камери за брзина преку радио.

Но, исто така, и ова е интересно: само 26 отсто од германските возачи што користат детектори можат да потврдат дека функционираат. Сепак, третина ги користат на секое патување. Нешто помалку од половина од испитаниците што користат ваков тип на технологија, благодарение на предупредувањата, успеале да избегнат казни.

Сепак, имајте на ум дека во многу европски земји поседувањето на овие детектори е забрането, а казните може да бидат прилично високи, многу пати повисоки отколку во Германија.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот