Младите возачи на возраст до 25 години сочинуваат само 6 отсто од сите сопственици на возачки дозволи во Обединетото Кралство. Меѓутоа, тие учествуваат во речиси една петтина од тешките и смртоносни сообраќајни несреќи. Поради оваа поразувачка статистика, во земјата се зборува за можност за воведување построги закони за младите возачи.
Според нов предложен закон, на младите може да им се забрани да возат автомобил заедно со своите пријатели. Плановите вклучуваат и дополнителни правила за младите возачи, како забрана за возење патници до одредена возраст по положувањето.
Некои сметаат дека воведувањето на овие закони е бесмислено бидејќи младите возачи учествуваат во помалку несреќи од возачите постари од 85 години, а нема ограничувања за нив.
Моментално, младите возачи во Обединетото Кралство мора да поминат „пробен рок“ од две години во кој се допуштени шест опомени пред да им се одземе дозволата.
Податоците покажуваат дека новите возачи што ги возат своите врсници имаат четири пати поголема веројатност да доживеат сообраќајна несреќа во споредба со младите возачи што се сами во автомобилот.
Извор:
Moj faks
Насловна фотографија: Pixabay