Се чини дека луѓето за малку одбегнале крај на светот благодарение на глобална забрана за хемиски состојки што го уништуваат озонот. Станува збор за забрана воведена во 1987 година.
Ново истражување покажува дека климатските промени би биле многу полоши до 40-тите години на овој век доколку не се вовела забраната. Во истражувањето се претставуваат модели на сценарија кои се поопасни од денешната климатска криза.
Според моделите, продолжениот раст на нивото на хлорофлуоројаглероди би предизвикал колапс на озонскиот слој, а со тоа целата планета би била изложена на штетна радијација. Протоколот од Монтреал е глобален договор кој ги забранува овие хемикалии.
Фото: Pixabay
Истражувачите мислат дека овој договор го спречил уништувањето на 60 отсто од озонскиот слој во тропските предели до 2100 година. Ова би имало катастрофални последици врз животинскиот и растителниот свет. До 2100 година колапсот на озонскиот слој би ја спречил апсорпцијата на јаглероден диоксид од страна на растенијата и би го зголемил нивото на јаглероден диоксид во атмосферата за 40-50 отсто.
Доколку не се забранеле овие хемикалии во 80-тите години на 20 век, до крајот на 21 век глобалната температура би се зголемила за дополнителни 2,5 Целзиусови степени.
Извор:
Interesting Engineering