Што ви паѓа на ум кога ќе помислите на постигнувањата во исламскиот свет? Многумина тоа го поврзуваат со тешките периоди и деструкција наместо со креација. Културата што овие фанатици тврделе дека ја претставуваат кога се обиделе да го уништат модерниот свет на науката и технологијата е всушност лулката во која традицијата била негувана. Математичарите велат дека како математичари, сите сме деца на исламот.
Врската помеѓу математиката и исламот е во геометријата. Таа може да се најде во џамиите, палатите и приватните домови. Видеото што ќе го погледнете објаснува за комплексноста и геометриските шеми кои можат да се најдат во исламската уметност и дизајн, од килимите и текстилот до плочките и насликаните ѕидови.
Но, со кои алатки се создале овие уметнички дела? Ништо повеќе од компас и линијар, кои се користеле за цртање кругови, делење на круговите и цртање линии за конструирање повторувачки форми како ѕвезди.
Апстрактни декорации во бои се забележуваат на повеќе локации во светот каде што е застапена исламската уметност и дизајн. Ефектот на боите од визуелна перспектива предизвикува мотиви кои изгледаат бесконечни – тој ефект се постигнува најчесто кога има симетрија. Во видеото можете да погледнете дел од исламскиот
дизајн и уметност.