X
 22.09.2020 Забава

Научниците откриваат кој е најпродуктивниот период во денот - не е утрото

Веројатно сте прочитале многу написи за зголемување на продуктивноста додека работите од дома. Се препорачуваат разни работи, на пр., прошетки или долго јадење на појадокот. Според ново истражување, продуктивноста повеќе зависи од периодот во кој се работи отколку од активностите што ја придружуваат работата.

Истражувачи од Универзитетот „Монаш“ во Австралија и Универзитетот во Гранада, Шпанија, сакале да го најдат времето од денот кога човекот најдобро ги завршува когнитивните задачи. Тие откриле дека тоа е на средината од работниот ден.


Фото: Pixabay

Во истражувањето биле анализирани половина милион тестови направени од студенти во Велика Британија во три различни периоди од денот: во 9 часот наутро, во 13:30 часот и во 16:30 часот. Според резултатите, најдобрите тестови биле направени во 13:30 часот.

Како што објаснуваат научниците, продуктивноста е поврзана со нашиот внатрешен часовник кој му помага на телото да претпостави кога ќе изгрее сонцето, а со тоа му сигнализира на мозокот да биде активен и кога ќе зајде, кажувајќи му на мозокот дека е време за спиење. Има периоди кога телото треба да се одмори и кога треба да биде будно и активно.


Фото: Pixabay

Овие периоди се менуваат како што старееме. Затоа, ако за студентите најпродуктивен период е 13:30 часот, за постарите лица можеби не е така. Генетиката и околностите може да влијаат врз ритамот. Така, доколку работата бара да станете рано, вашето тело може да се навикне на станувањето рано.

Истражувачите откриле и дека продуктивноста зависи од годишните времиња. Префрлањето на тестот напладне во јануари имало двојно поголемо позитивно влијание врз резултатите отколку правењето во јуни. Во јануари има помалку сонце, па мозокот почнува подобро да функционира подоцна.

Освен тоа, ефектите биле понагласени за студентите во научните, технолошките, инженерските и математичките студиски програми.

Автор: Малика Митра
Извор: money.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава