Во американската аукциска куќа „Барет-Џексон“ минатиот викенд беше продадено жолто „југо“ кабриолет. Иако автомобилот е стар повеќе од 30 години, изгледа како нов и има поминато помалку од 600 километри.
„Југо“ од 1990 година, прилично добро сочувано, им го привлече вниманието на американските обожаватели на ретки автомобили минатиот викенд - беше продадено за 12.100 долари.
Описот на „југото“ што стои на веб-страницата на аукциската куќа зборува сам за себе:
- „Југото“ страдаше од заслужената репутација како лошо направен автомобил. Контролата на квалитетот беше речиси непозната, а „југото“ беше вистински приказ за тоа. Многу вакви автомобили почнаа да се распаѓаат веднаш штом го напуштија салонот и станаа честа тема за шеги во комичарските клубови. „Југото“ доби силна реклама во доцните 80-ти години како автомобил што ќе се вклопи во животот на сите, обезбедувајќи основен, економичен и сигурен превоз како „фолксваген буба“.
„Југото“ кабриолет од 1990 година е редок примерок бидејќи таа година само 75 такви возила биле увезени во САД.
Извор:
Autonet.hr
Фото: Autonet