Дали некогаш сте посакале да си играте со волци, да ги галите? Засолништето на волци „Предатори на срцето“ се наоѓа во Анакортес, Вашингтон, и нуди двочасовно дружење со волци во вистинска шума. Волците се однесуваат пријателски кон луѓето. Посетителите може да ги галат и да си играат со нив. Засолништето спасува и чува животни кои немаат место на живеење.
Доколку сакате да резервирате обиколка на засолништето, може да го направите тоа преку „Ербиенби“ за приближно 200 долари по лице. Најчесто има 2 обиколки дневно, 6 дена во неделата, а има и листа на чекање.
Фото: Facebook/Pothwildlife
Во засолништето не живеат само волци. Тоа е дом и на лисици, пуми, рептили и птици грабливци. Дозволен е влез на лица над 18 години и нема исклучоци.
Во минатото имало неколку инциденти во засолништето. Во еден случај куче на еден патник го изгубило животот кога по грешка влегло во засолништето. Во друг случај еден волк избегал во соседниот имот.
Фото: Facebook/Pothwildlife
Засолништето било отворено во 1998 година. За него се грижи непрофитна организација која има многу строги стандарди кога станува збор за грижата за животните.
Фото: Facebook/Pothwildlife
- Нашата цел е да се грижиме за животните. Нашата цел е да им помогнеме да ги отворат нивните срца и да видат дека сите сме поврзани во природата и да сфатат дека не можеме да преживееме без неа. Исто така, ова е засолниште за животни кои не можеме да ги вратиме во дивината и имаат потреба од безбедна и здрава околина за да го живеат остатокот од својот живот - велат од засолништето.
Автори: Џонас Гриневичиус и Миндогас Балчјаускас
Извор:
Boredpanda.com