Sollentuna во Шведска
Шведска се наоѓа во една интересна ситуација затоа што се принудени да ги затворат казнените установи заради недостиг на затвореници во склоп на одличната превенција која што со години ја спроведуваат. Пример за луксузен затвор кај нив е Sollentuna кој е опремен со теретана, врвна кујна со секогаш свежи продукти кои затворениците сами можат да ги подготвуваат и да уживаат во нив на своите удобни софи, додека гледаат телевизија.
Addiewell во Шкотска
Карактеристично за овај затвор е тоа што основната намена му е „учењето“. Тоа значи дека затворениците треба да се рехабилитираат за да можат да ги сфатат своите грешки и да се издигнат над нив, а попатно добиваат образование, во зависност од нивните лични преференции. Затворот сам по себе, изгледот и хигиената се на високо ниво, а мебелот повеќе наликува на изложбен простор на ИКЕА отколку на казнена установа.
Halden во Норвешка
Овој норвешки затвор е синоним за луксуз, со дефиниран максимален број од 252 затвореници кои ја издржуваат казната, а не секому му е обезбедено апсолутно сè: засебен и удобен кревет, софа, мини фрижидер и лична библиотека. Освен модерно уредениот ентериер, затворот нуди и низа дополнителни содржини – патеки за трчање, карпи за алпинизам, музички студија... и романтично уредени апартмани за брачни посети.
Aranjuez во Шпанија
Кога жена-затвореник ќе се породи во затвор, вообичаено детето се испраќа на старателство во семејство или се препушта во рацете на социјалните служби. Но, во овој шпански затвор постојат ќелии наменети за семејства, каде целото семејство, доколку така одлучи, може да живее заедно со осудениот. Тоа е дозволено во текот на првите три години од животот на детето, колку што е дозволено да остане со мајката. Целта на оваа програма е да им се обезбеди што понормален семеен живот по издржувањето на казната.
Поправниот дом Otago во Нов Зеланд
Овај затвор се грижи за удобноста и здравјето на своите затвореници, па целиот комплекс е опремен со подно греење, а во ќелиите има и ЛЦД телевизори. Во рамките на комплексот, затворениците имаат на располагање базен и теретана со лични тренери, а за нивната исхрана се грижат нутриционисти...
JVA Fuhlsbuettel во Германија
Овај затвор е како казнена установа од бајките, а долгогодишните затвореници имаат сè што им е потребно за удобен живот. Тие сами си ги перат своите облеки и ги прават сите работи кои им обезбедуваат лична приватност. Во секоја соба има кревет, мебел и приватен туш, и тие повеќе наликуваат на мини апармани отколку на затворски ќелии.
Bastoy во Норвешка
Затворот кој е сместен на островот Бастој е прилично необичен – затворениците тука се сместени во дрвени колиби изработени во „затворската фарма“. Колку овој вид на слобода добро влијае врз затворениците докажуваат статистиките за неповторување на злосторствата и успешната рехабилитација – 17 проценти наспроти просечните 70% во остатокот од Европа. Затворениците таму имаат право своето слободно време да го поминуваат во скијање, јавање, тенис, риболов...
Света Ана во Калифорнија
Престојот во овој
затвор не е евтин, имено затворениците за да можат да отседнат тука мораат да платат од 85 до 125 долари за ноќ, како во хотел. Иако така звучи,
Света Ана не е хотел туку затвор резервиран за полесни престапници кои имаат доволно пари за да можат да го платат аранжманот, значително подобар од типичните. Освен тоа, во затворот е дозволено и користење на лаптоп или
iPad.