X
 22.10.2019 Живот

Норвежанец чувствува вина поради депортирањето на Сомалиец кој го силувал

Норвежанец кој бил силуван од сомалиски мигрант истакна дека чувствува вина затоа што престапникот бил депортиран во неговата родна земја.

Жртвата Карстен Нордал Хаукен, кој се идентификува како антирасист и феминист, бил сексуално нападнат пред пет години. Иако нападот го довел до депресија и барање утеха во примање одредени супстанции, Хаукен истакнал дека се чувствува виновен затоа што напаѓачот бил депортиран во Сомалија откако ја отслужил затворската казна во Норвешка.

Во колумна за норвешките медиуми, Хаукен пишува за тоа како се чувствувал кога слушнал дека неговиот напаѓач ќе биде депортиран. Наведува дека малку бил изненаден.

- Ми надојдоа солзи додека седев во автомобилот. Чувствував ослободување и радост што ќе си оди засекогаш. Чувствував дека норвешката влада си ја презела одговорноста да ја изврши крајната одмазда како кога лут татко се соочува со малтретирач на деца. Но, исто така, добив силно чувство на вина и одговорност. Јас бев причината зошто тој не требаше да остане во Норвешка, туку да се соочи со многу несигурна иднина во Сомалија. Тој веќе ја отслужи својата затворска казна. Треба ли да биде казнет пак? Овој пат со потешка казна? Се плашам дека нема да им се допаѓам на девојките и дека другите мажи ќе ми се смеат. Се плашам дека ќе ме гледаат како антифеминист кога велам дека младите мажи кои се соочуваат со тешкотии треба да добијат повеќе внимание - истакнува Хаукен.

Приказната и личната ориентација на Норвежанецот кон неговиот напаѓач нагласуваат еден вид патолошки алтруизам и неспособност за заземање на сопствената страна, што стана ендемично во поголемиот дел од западното општество, пишува „Гласот на Европа“ додавајќи дека и покрај тоа што животот му бил уништен од странски криминалец, Хаукен чувствува чуден и патолошки вид милосрдност за неговиот напаѓач.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот