Изгледите за кариера и особено очекуваните плати може да бидат силен мотиватор, но и да ги одвратат студентите во бирањето насока за студии. Не сите дипломи гарантираат повисока заработувачка во споредба со започнувањето со работа по завршување средно бидејќи некои дипломи на крај чинат повеќе од бенефитите што ги носат.
На графичкиот приказ може да се види просечниот повраток на инвестиција на дипломите во САД.
Фото: Visual Capitalist
Дипломите во полињата на инженерството, компјутерите и информатичките науки, математиката и оние на инженерските техничари се највредните во САД, кога се гледа очекуваниот приход во текот на животот минус долгот во споредба со работата веднаш по средно без диплома.
Во однос на специфичните програми, дипломата по компјутерски науки од „Харвард“ е рангирана на првото место за повраток на инвестиција. Оние кои дипломирале на оваа програма може да очекуваат повраток од повеќе од 4 милиони долари во нивниот живот, со 256.539 долари медијана на приход и 14.000 долари медијана на долг.
Од друга страна, дипломите од хуманистичките области се меѓу најмалку вредните кога ќе се погледне заработувачката во текот на животот. Со негативен поврат од околу 39.000 долари, програмите по англиски јазик исто така бележат најголем пад на дипломирани студенти, со 32 отсто помалку студенти што дипломирале на овие програми во споредба со податоците од пред една деценија.
Извор: Visual Capitalist
Насловна фотографија: Freepik